Општина Виница
Отворени две нови изложби во рамките на третата Музејска ноќ во организација на Музеј “Теракота“
Оваа година музејската ноќ се одржа на 27 јануари. Во галеријата „Теракота“ се отвори изложба на скулптури на Горан Ѓорев, а во музејот на град Виница е поставена изложба на нови мотиви од теракотните икони, како и на златни монети најдени во контекст со релјефите.
Едукација на возрасни РомиОпштина Виница и ромскиот културно - едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево оваа и наредната година заеднички ќе го реализираат проектот „Роми - дипломирајте, имајте подобар живот“. Масовно одбележан големиот празник Водици18 годишниот Драган Ѓорѓиев од Виница, меѓу најхрабрите годинава беше и најсреќен. Од триесетина кандидати кои се фрлија во водите на Виничка река, крстот падна во негови раце. |
Даниел Стојменовски од с. Јакимово - првото новороденче во 2012г.Оваа година општина Виница ќе ја следи машка среќа, првото новороденче во 2012 година е Даниел Стојменовски, прво во Виница, второ на брачниот пар Елена и Зоран Стојменовски. Сребрено признание за Виничкиот Шумски медНа меѓународното оценување на квалитет на медот од реколта 2011 кое се одржа во Вараждин Р. Хрватска, а во организација на „Пчеларство онлаин“ медот со потекло од Виничкиот регион испратен од страна на пчеларот Тимко Јовановски од Виница во категоријата Шумски мед заслужено го освои второто место и се здоби со сребрено признание. Му честитаме на Тимко за добиеното признание. |




















