Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Едукација на возрасни Роми

Општина Виница и ромскиот културно - едукативен центар „Тернипе МК“ од Делчево оваа и наредната година заеднички ќе го реализираат проектот „Роми - дипломирајте, имајте подобар живот“.

Целта е да се подобри образовното ниво на ромската популација во Виница. Со проектот се опфатени 28 лица на возраст од 20-45 години кои посетуваат дополнителна настава во СОУ “Ванчо Прќе“ за на крајот да се стекнат со диплома за завршено средно образование.Лицата вклучени во проектот очекуваат со добивањето диплома за средно да ги зголемат своите шанси за вработување. За проектот се обезбедени средства од Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта и општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk