Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Макпрогрес

 

Општо

Макпрогрес доо Виница отпочна со работа во 1990 година со трговија на големо со прехрамбени производи и стоки за широка потрошувачка. Во 1993 отвори сопствени супермаркети на територијата на Виница. Во меѓу време Макпрорес доо започна да врши и преработка, обработка и доработка зрнести култури. Експанзијата на копманијата продолжува и во 1998 година кога е пуштен брендот Сончева долина. Потоа, во 2002 година е лансиран најпрепознатливиот бренд - Винчини, а во 2009-та брендот Армониа.
Денес, Макпрогрес доо има четири брендови: Vincinni, Vincinni FINEST, Armonia и Сончева долина. Компанијата се наоѓа во Источна Македонија и во неа има повеќе од 300 вработени. Па така, и според бројот на вработени и според приходите спаѓа во групата големи претпријатија. Макпрогрес доо е компанија која е во целосна приватна сопственост.
Компанијата Макпрогрес има 3 фабрики за производство, со 6 производни линии кои се комплетно нови и автоматски со оригинален споj на Данска и Германска технологија. Високиот степен на софистицирана технологиjа и хигиена овозможуваат рок на траење од 6 месеци на кондиторските производите и 12 месеци на солениот програм и земјоделските култури. Сите суровини и готови производи во Макпрогрес, редовно се контролираат во сопствената и овластена лабораторија за контрола на квалитетот. Во фабриката е имплементиран и сертифициран ХАЦЦП системот за безбедна храна коj обезбедува целосна сатисфакциjа каj потрошувачите за сигурност на производите. Во Макпрогрес е воведен и сертифициран и систем за менаџмент so квалитетот ISO 9001:2008. Важен дел од низата сертификати е и Халал сертификатот. Ваков сертификат во Македонија имаат само три компании, меѓу кои и Макпрогрес. Халал сертификатот претставува виза за извоз на кондиторски производи во исламските земји. Позитивниот раст и овозможи на компанијата огромен број признанија во земјата и во странство. Доброто водење на деловна политика, врвниот дизаjн и квалитет на производите како и поволните цени се гаранциjа за развоj и успех за Макпрогрес коj со брендот Винчини е препознатлив каj потрошувачите во повеќе од 30 држави на 5 континенти.

МИСИЈА
Животот на современиот човек го збогатуваме со вкус и квалитет. Со совршениот баланс на традиција, квалитетни рецептури и суровини и најсовремената технологија придонесуваме за подобар живот на поединецот, локалната заедница и општеството во целина.

ВИЗИЈА
Секаде каде се цени високиот квалитет за прифатлива цена ќе бидеме први. Освојуваме и ги градиме нашите односи со потрошувачите со квалитетот на нашите производи и со нашата одговорност и посветеност.
Постојано вложуваме и ја прошируваме палетата на производи трудејќи се да ги задоволиме различните потреби и барања на нашите потрошувачи.
Наша среднорочна цел е да станеме лидер во кондиторската индустрија во централна и југоисточна Европа.

Дејности

Примарна дејност на компанијата Макпрогрес доо е производство на кондиторски производи како и со преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури. Во Виница Макпрогрес доо има сопственост и на 8 супермаркети.
Брендови на компанијата Макпрогрес доо се: Vincinni, Vincinni FINEST, Armonia и Сончева долина.

Асортиманот на Армониа вклучува високо квалитетни грисини: Pizza, Fish, Sesame stick, Stick, Pretzel, Ring, Party square и Buzz cracker, произведени по најнова светска технологија со избаласирани нутритивни вредности.

Со преработка, обработка доработка на житни зрнести култури се добиваат најразлични зрнести и прашкасти производи кои претставуваат дел од брендот Сончева Долина. Производи од брендот Сончева Долина се: ориз, грав, леќа, пченица, пченка пуканка, мелен ориз, пченичен гриз, афионово семе, лебни трошки, кокос, сусам, суво грозје, шеќер во прав, густин, какао, прашок за пире, зачин долинка, магдонос, оригано, лимонов сок и сол.

Асортиманот на Винчини вклучува разни варијации на бисквитно тесто полнето со крем или со овошно полнење во форма на ролати, мини ролати, тортички, готови тори како и кори за торти кои служат како подлога за подготвување на домашни колачи и торти. Винчини вклучува и производство на крем и најразлични слатки преливи. Производите на Vincinni може да се најдат низ 30 држави ширум светот.

Брендот Vincinni FINEST претставува премиум класа на брендот Vincinni. Асортиманот на Vincinni FINEST се состои од: Muffins, Brownies и Rondo Cake.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk