Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Решение за поништување на Објава број 1/2013

Согласно член 56 став 7 од Законот за градежно Зенјиште (Сл.Весник на РМ 17/2011, 53/2011, 144/2012 и 25/2013) и Заклучокот за запирање на постапката бр.20-554/3 од 07.08.2013 година Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање при општина Виница на ден 07.08.2013 година донесе:

Р Е Ш Е Н И Е
за поништување на Објава број 1/2013

СЕ ПОНИШТУВА Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, по пат на електронско јавно надавање бр.1/2013 , објавена на ден 18.07.2013 во дневните весници „Нова Македонија“ и „Вечер“.

О б р а з л о ж е н и е

Следствено на донесениот Заклучок за запирање на постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно надавање бр.20-554/3 од 07.08.2013 година, а согласно горенаведениот закон Комисијата за спроведување на постапки за јавно надавање при општина Виница донесе Решение како во диспозитивот.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk