Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Од 13ти- 18ти септември, 28 МФФ “Истибанско здравоживо“

Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција и Бугарија, се земјите кои со својот фолклор ќе бидат гости на 28-от МФФ “Истибанско здравоживо“.

Со отварањето на изложбата на “Китка“ во петок (13 септември) започнува официјалниот пречек на странските ансамбли,а веќе во сабота на 14-ти септември со дефиле низ село Истибања започнува фестивалот. Под отворено небо во село Истибања ќе се измешаат боите на македонските и странските култури, а концертот ќе го отворат членовите на домашниот ансамбл “Китка“. Истата вечер ќе се оддржи и традиционалната македонска вечер, а во текот на наредните 4 дена фолклористите ќе имаат повеќе настапи во Источна Македонија и прошетки со запознавање на регионот и пошироко. Фестивалот се заокружува со гала концерт на плоштадот “Ангел Винички“ во Виница. И годинава трошоците за негово организирање паѓаат на товар на општинскиот буџет.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk