Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Градинка и за децата во село Трсино

Село Трсино е едно од 14 - те рурални населени кои се дел од новиот владин проект за отварање градинки во населени места оддалечени од градот, а кои имаат добар наталитет.

Стручни лица од Министерството за труд и социјална политика вчера на терен ги согледаа условите за преадаптација на старата училишна зграда во село Трсино, реконструкција на истата со цел сместување на децата од предучилишна возраст. Се извршија неопходните мерења и калкулации и во најскоро време се очекува да се каже финалната пресметка и средствата кои ќе бидат неопходни за целосна адаптација на просториите. Според надлежните служби селото има 30-на деца од 2-6 години кои би можеле да ја добиваат неопходната грижа во предучилишната установа, а брои околу 700 жители.
Како што беше најавено од Владата, градинките со работа треба да започнат во првото и второто тримесечје од следната година.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk