Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

На третата форумска сесија презентирани 6 предлог концепти

- Изградба на ново проектирана индустриска улица„2002„ во зона на мало стопанство “ИЛА”;
- Градинка од 21 век;
- Подобрување на условите во училиштата;
- Регулација на Река Осојница;

- Подобрување на условите за развој на спортот“;
- Обезбедување на квалитетна вода за пиење“, ова се предлог-концептите кои работните групи ги презентираа на третата форумска сесија во општина Виница.
На сесијата беше дадена можност граѓаните да дебатираат околу предлог - концептите и да дадат свои препораки околу начинот на нивната реализација.
Сите тие како приоритети кои треба да се решаваат ќе се развиваат во предлог-проекти кои подетално ќе се презентираат на следната сесија.
Инаку финансиската конструкција на сите предложени концепти е во рамките на планираните средства од 2.800.000,00 денари, средства од буџетот на општина Виница и од Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на Програмата “Форуми во заедницата“.
Концептите кои нема да бидат избрани , општината ќе ги има како готови предлог-проекти кои ги избрале граѓаните и со кои ќе може да аплицира пред други фондови.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk