Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Бретх во посета на општината и училиштата

Со Македонски песни и пораки за мир на македонски, турски и ромски, учениците од ОУ “Славчо Стојменски“ му посакаа добредојде на амбасадорот на ОБСЕ мисијата, Ралф Бретх.

Образовниот систем и начинот на кој функционираат различните етнички состави во фокусот на интересот на амбасадорот. Наставниот кадар во училиштето блиц посетата ја искористи да ги презентира приоритетите на училиштето, а се побара и конкретна подршка за обезбедување на високо квалитетен систем за греење.
Подршката на ОБСЕ за развивање на спортските афинитети кај младите амбасадорот ја нагласи со донација на фудбалски топки за учениците како во ОУ “Славчо Стојменски, така и во подрачното училиште во село Истибања каде се запозна со условите за работа.
-Во центарот на нашиот мандат се добрите меѓуетнички односи...и затоа сме тука да видиме како се одвиваат работите во училиштата, бидејќи ние веруваме дека хармоничноста како предуслов за долготрајна стабилност започнува токму од најмладите. Со моето присуство овде сакаме да покажеме дека сме присутни, дека ги следиме таквите активности затоа што тоа е многу важен столб за општата стабилност,, - истакна Бретх.
На средбата во општината амбасадорот се информираше околу развојот на општината и демократските процеси на владеење, инвестициите и потенцијалите за развој на стопанството.
- Имаме до сега реализирано неколку заеднички проекти, како во делот на образованието, така и во делот на развојот на услугите од полицијата,односно соработката меѓу општината, граѓаните и полицијата. Оваа донација што денеска ни ја дава Мисијата на ОБСЕ, иако е скромна, многу поважна е поради поддршката што ни ја дава во функционирањето на нашиот образовен систем и се надевам дека таа ќе продолжи и понатаму, - рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk