Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА НОВОГОДИШНО - БОЖИЌНА ФОТОГРАФИЈА СО МОТИВИ ОД ВИНИЦА И ВИНИЧКО

Општина Виница објавува конкурс за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од новогодишно - божиќната атмосфера во Виница и населените места со околината (2013/2014) и ги поканува сите вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми:

1. Мотивите на фотографиите да се од Виница и Виничко;
2. Да се достават фотографии со мотиви од новогодишно - божиќната атмосфера во градот и околината (населените места), по избор на доставувачот на фотографиите;
3. По желба на доставувачот, може да се испратат и дневни и ноќни фотографии;
4. Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg, tiff, или друг формат, со висока резолуција;
5. Изборот на фотографиите ќе го изврши Комисија формирана од Општина Виница, според критериумите утврдени во Конкурсот;
6. Фотографиите треба да бидат од новогодишно – божиќниот амбиент 2013/2014;
7. Општина Виница го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии;
8. Општина Виница ќе организира изложба од најдбрите фотографии.

Награди:
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија:
-прва награда 5000 денари
-втора награда 3000 денари
-трета награда 2000 денари

Авторски права:
Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува дека:
- е автор на фотографиите;
- фотографијата да не е претходно изложена или објавена;
- ги отстапува авторските права на Општина Виница со неограничено право да ги објавувува, разменува, печати или пренесува на трети лица;
- на Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во општинската администрација како и нивните потесни семејства.

Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД, во затворен плик со шифра која ќе биде внатре во пликот и на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште еден плик со иста шифра и да ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Адресата на која треба да се достават предлог фотографиите е:
Инфо центар ,Општина Виница ул.Бел Камен б.б.
Со назнака „За Конкурсот за најдобра новогодишно-божиќна фотографија“ или лично, во Архивата на Општина Виница.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел.033/360- 191 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, или во просториите на Општина Виница (Инфо Центар).
● Конкурсот трае 20 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, на општинската веб страна и на facebook
● Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk