Општина Виница - Конкурс и фотографија на тема „Вода за живот“

Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Конкурс и фотографија на тема „Вода за живот“

Конкурс за избор на најдобра фотографија и цртеж на тема „Вода за Живот“Проектот за управување со речниот слив на Брегалница чија главна цел е подобрување на состојбата со водните ресурси во сливот на Брегалница и изработка на План за управување со речниот слив, објавува конкурс за избор на цртеж и фотографија на тема “Вода за живот“, што всушност претставува слоган под кој се реализира проектот.

Се повикуваат сите заинтересирани уметници, фотографи и аматери од сите возрасни групи да земат учество на конкурсот во двете предвидени категории.
Избор на најдобра фотографија на тема „Вода за живот“
Избор на најдобар цртеж на тема „Вода за живот“
Целта на конкурсот е да се подигне свеста на населението за прашањата поврзани со водата како и да се мотивираат сите возрасни групи за совесно однесување со природните ресурси.
Критериуми за учество:
За фотографиите
Дигитална фотографија (JPEG), со резолуција од најмалку 6 megapixels, во оригинална форма (необработена) и без фотомонтажа.
Фотографиите треба да се направени во Брегалничкиот регион и да соодветствуваат на темата “Вода за живот“. Се што претставува природна убавина, пејсаж или специфика на Брегалничкиот слив може да биде дел од фотографијата.
Еден учесник може да учествува со најмногу 3 фотографии.
Фотографиите да се испратат во дигитална форма која не надминува 5 MB, со податоци за авторот, каде е направена и име на фотографијата на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 26 Мај 2015 (Вторник) до 15:00 часот со назнака „ЗА КОНКУРС“.
За цртежите
Цртежите треба да бидат на тема “Вода за Живот“, и да содржат податоци за авторот и име на цртежот.
Цртежите треба да се фотографираат и испратат во дигитална форма која не надминува 5 MB на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или да се достават во оригинална форма на адреса „Д-р Николиќ“ бр. 64 Кочани (Фабрика за вода) со назнака „За конкурс“, најдоцна до 26 Мај 2015 (Вторник) до 15:00 часот со назнака „ ЗА КОНКУРС“.
Фотографиите и цртежите кои учествуваат на конкурсот треба да не биле претходно објавени или изложени. Со испраќањето и учеството на конкурсот, авторот ги отстапува авторските права на Проектот за управување со речниот слив на Брегалница, со што проектот стекнува право да ги објавува и печати за свои потреби.
За најдобрите фотографија и цртеж следуваат награди кои ќе бидат доделени на 3 Јуни 2015 (среда) во Виница на настанот кој ќе се одвива под слоганот „Вода за живот“.
Доколку имате прашања во врска со објавениот конкурс можете да не контактирате преку :E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Прашање за конкурс“, или директно преку web-страницата на проектот www.bregalnica.mk.
Содржината на конкурсот може да се превземе тука Конкурс за фотографија и цртеж

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk