Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

ПОКАНА

ВТОР ЈАВЕН СОБИР НА ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ ЗА (ИЗВЕШТАЈ) SEA – СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ЛОКАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, ОПШТИНА ВИНИЦА (2015 – 2025)

Почитувани,

Здружението на жени земјоделки АГРО-ВИНКА Виница, во партнерство со Општина Виница , во периодот од април- 2014 до април 2015 работеше на изготвување на локална стратегија за климатски промени на Општина Виница (2015 – 2025). Активностите за изготвување на стратегијата се во рамките на проектот на УСАИД за Општински Стратегии за Климатски Промени“ кој се спроведува од страна на Милиеуконтакт Македонија. Основната цел на проектот е подготовка на општините за подобро справување со предизвиците предизвикани од климатските промени, а со посебен фокус на подобрувањето на локалните демократски процеси и зголемувањето на нивниот капацитет за прилагодување кон климатските промени.
Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве поканиме и Вие да присуствувате на Јавна расправа на засегнати страни кој ќе се одржи на 19.08.2015 година (среда), во Дом на Култура „Тошо Арсов„ Виница со почеток во 12:00ч.
Целите на состанокот се:
• Презентација на нацрт верзијата - Стратегија за климатски промени на Општина Виница (2015 – 2025)
• Презентација(извештај) за SEA – Стратегиска оцена на животната средина за локална стратегија за климатски промени, Општина Виница (2015 – 2025) • Јавна расправа
На овој втор состанок ќе земат учество Г-дин Столе Георгиев, претставник на Милиеуконтакт Македонија, , Градоначалникот на Општина Виница г-дин Емил Дончев.

Особено е важно да земете активно учество во јавната расправа бидејќи имплементацијата на овој документ треба да придонесе и да го олесни развојот и имплементацијата на одредени активности по однос на справувањето со климатските промени, пред се во делот за намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување на енергетска ефикасност на објектите во јавна сопственост.

Со почит ЗЖЗ „АГРО-ВИНКА“ Виница Општина Виница

Педлог известување (симни)

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk