Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Меморандум за соработка и разбирање помеѓу Општина Виница - Македонија и Општина Молдова Нова - Романија

На ден 22 октомври, 2015 година, во Букурешт, Меморандум за соработка и разбирање склучија: Општина Виница и Општина Молдова Нова.

Со овој Меморандум се изразува желбата за воспоставување на соработка и разбирање помеѓу двете општини во духот на европското единство и идентитет како и за зацврствување на единството на европското граѓанство. Со меѓусебна соработка двете локални самоуправи ќе ги остваруваат заедничките поставени цели, ќе разменуваат мислење, идеи и искуства. Соработката на двете општини особено ќе биде насочено кон изработка и реализација на заеднички проекти, подржани со европските фондови.

 
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk