Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Денес во Штип беа презентирани резултатите од проектот „Партнерство за добро владеење“ на Здружението „ИНИ“ од Виница

Здружението на граѓани „ИНИ“ од Виница денес на прес во Штип ги објави резултатите од шесмесечното истражување во рамките на проектот „Партнерство за добро владеење“, проект со кој на увид на јавноста се дава квалитетна база на податоци за 11-те општини од Источниот регион, од областа на економијата, финансиите, стапката на невработеност, јавните набавки во општините, здравството и животната средина. Резултатите од истражувањето пред медиумите и невладиниот сектор ги презентираше Тодор Цонев, претседател на „ИНИ“.

Од неколку компаративни нализи кои ги направивме можеме да го изјавиме следново: - Помалите општини, како Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновци освен редовно вработените, не ангажирале друга работна сила по основ на законот за работни односи, што не е случај со останатите општини. На пример општина Пробиштип 2013 година има 52 редовно вработени, а дури 96 со договор на дело. - Во однос на јавните набавки, од единаесетте општини, најмногу има потрошено Македонска Каменица, од 2013-2016 42338 денари по глава на жител, а најмалку Виница со 5677 денари по жител за 4 години. - Во источниот плански регион има вкупно 443 лекари, просекот е 2,5 лекари на 1000 жители, за да го достигнеме европскиот просек кој изнесува 3,4 лекари на 1000 жители, на истокот му требаат 190 лекари. “Ова беа само дел од многуте податоци кои ги содржи ова истражување, а кои ќе им бидат достапни на новинарите и институциите. Овој проект е финансиран од ЕУ, со помош на грант доделен преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, што го спроведуваат Центарот за граѓански организации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија.
Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk