Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Базичните приоритети на селата ќе влезат во Буџетот за 2018 година

Вода, канализација, асфалт, се главните приоритети, сеуште базични во егзистенцијата на жителите од населените места во Виничко. Денес на отворена средба со градоначалникот Ивица Димитров, претседателите на месните заедници ги презентираа клучните барања на месното население.

Жителите на Лески бараат итно решавање на проблемот со водоснабдувањето, село Драгобраште бара ископ на нови бунари и реконструкција на старата водоводна мрежа, Пеклани, Виничка Кршла, сите бараат поквалитетно водоснабдување и наводнување, но и комплетна канализациона мрежа која во многу населени места е делумно завршена. Жителите на Трсино и на Блатец бараат и нови парцели за гробишта, т.е решавање на имотно-правните односи, но речиси сите имаат потреба од асфалтирање или поплочување на улички. Градоначалникот Димитров апелираше годишните програми за 2018 година да бидат изготвени на реална основа и на приоритетни барања на жителите на населените места. „Општина Виница не располага со којзнае колкав Буџет, но врз основа на сите тие Програми кои ќе бидат доставени, ќе го изготвиме Предлог-Буџетот за 2018 година и ќе се бориме за секое населено место во општината да го реализира она што ќе биде ветено. Во 2018 година како покрупни проекти за кои веќе правиме напори да се реализираат, а кои се од интерес и на дел од населените места се Филтер Станицата во с.Трсино, како и комплетно асфалтирање на патот од Драгобраште до Биглата. Со министерствата во Владата преговараме и за други проекти, аплицираме во Источен плански регион, така да Буџетот кој ќе го планираме, треба да биде реален и остварлив“, рече Димитров.Општина Виница веќе го објави јавниот повик до сите здруженија, клубови, организации кои ќе бараат подршка од општината, своите програми да ги достават најдоцна до први декември 2017 година, а по изработката на Нацрт-буџетот ќе следува и Јавна расправа по истиот.
Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk