Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Ивица Димитров ќе го води Здружението „Свет Крст“ во наредните 4 години

Ивица Димитров од денес е новиот престедател на Здружението на граѓани „Свет Крст“ кое е формираноо 2006 на иницијатива на тогашниот градоначалник Марјан Костадинов. Во изминативе 8 години Здружението го водеше Емил Дончев, и истата пракса по предлог на иницијативниот одбор продолжува и во наредните 4 години.

По предлог на новоизбраниот претседател Ивица Димитров, кој воедно е и претседател на извршниот одбор, наименувани се и нови членови во извршниот и надзорниот одбор, а на првиот официјален состанок со иницијативниот одбор паднаа и повеќе предлози од присутните околу идната работа на Здружението. Градоначалникот Димитров најави продолжување на досегашната пракса со стипендирање на квалитетни и дефицитарни профили на студентски кадар, меѓутоа условите и начинот на финансирање допрва ќе се утврдуваат. Присутните дадоа идеи за организирање божиќна акција и посета на најзагрозените семејства, како и мерки за стимулација на повеќедетните семејства. Но кои од овие предлози ќе се реализираат, и кои ќе бидат следните чекори на ЗГ „Свет Крст“, членовите допрва ќе утврдуваат.
Инаку во изминативе десетина години, Здружението спроведе неколку акции за стипендирање на студенти, а се реализираа и проекти за неколку инфраструктурни зафати во општината.
Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk