Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Нова водоводна линија за жителите во с.Грљани

Жителите на маало Трајановци во село Грлани, деновиве очекуваат решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето. Локалната власт работи на спроведување на нова водоводна линија во должина од 1500 метри од маало Стаменковци до маало Трајановци со која ќе се овозможи и овие неколку семејства во 21 век да имаа вода во своите домови.

„За жителите на оваа маало досега вода се носеше во цистерни, а на овие неколку фамилии сточарството е главна дејност, така да водоводната линија која ја поставуваме денес е од исклучителна важност. Инвестицијата не е голема, но проблемот е децениски, очекуваме веќе овие денови, овие луѓе да имаат чиста и исправна вода за пиење“, изјави градоначалникот Ивица Димитров. Како што најави Димитров, доколку дозволат временските услови, уште тековниот месец општината ќе пристапи кон решавање на водоснабдувањето и во село Лески, кое по број на жители предничи во однос на другите населени места, а летово континуирано беше без вода. „За Лески е планирано ископување на бунари, како и проширување на капацитетите на постоечката филтер станица, така да во 2018 година со конечно решение ќе биде заокружен и овој водоснабдителен проблем“, рече Димитров.
Општината во Буџетот за 2018 година има планирано дополнителни средства за подобрување на квалитетот на водата во дел од населените места, а како поголем проект во тој дел е изградбата на филтер станицата во село Трсино.
Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk