Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

17 години од загинувањето на капетан Кирчо Димитриов

На 4 март 2001 година на преслапот Рамно, воено моторно возило марка од АРМ нагазило на противтенковска мина. Загинаа капетанот Кирчо Димитриов од Виница и војникот Дејан Јакимовски од Куманово. Само петнаесет минути подоцна, во реонот на караулата Танушевци, од снајперски истрел, животот го загуби војникот под договор Теодор Стојановски од Драчево, припадник на Единицата за специјални намени „Шкорпинони“. Кирчо имаше - 33, Дејан - 26, а Теодор - 24. Тоа беа првите жртви во воените дејствија во Македонија 2001.

И после 17 години од нивната смрт, емоциите останаа речиси со истиот интензитет, во чест на Капетан Кирчо, општина Виница организираше Панихида пред спомен бистата кај Собранието. Историски осврт кон настаните од 2001 даде претседателот на Организацијата на резервни офицери, д-р Гоце Георгиев, а свое обраќање имаше и градоначалникот Ивица Димитров. Денешното чествување беше збогатено со рецитали на хорот при ОУ „Гоце Делчев“, а се заокружи со полагање цвеќе од фамилијата на Кирчо, од претставици на АРМ, од општината, од училиштата, како и од останатати институции.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk