Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Украинската амбасадорка Задоружњак во работна посета на Виница

Украина и Македонија се докажани пријателски држави. Украинската амбасадорка г-ѓа Наталија Задорожњук од Виница испрати гласна подршка за влез во НАТО, и за старт на преговорите со ЕУ, но најави интензивирање и на регионалната соработка помеѓу двете збратимени општини. “Украина и Македонија се докажани пријателски држави. Ние добро соработуваме, немаме отворени прашања.

Постои голем потенцијал за соработка, сметаме дека е многу битно да се развива регионалната соработка, град Виница има соработка со истоимениот град во Украина, со градоначалникот разговараме да ја интензивираме соработката во областа на економијата, но и во областа на образованието. Како држава посветени сме на главните стратешки приоритети на вашата земја, и се надеваме дека оваа година Македонија ќе ја добие поканата за членство во НАТО и ќе ги почне преговорите со Европската Унија“, истакна амбасадорката Задоружњак.
Енергетските потенцијали и гасификацијата се приоритетите на општина Виница, и она на што во иднина ќе се фокусира таа интернационална регионална соработка, изјави Димитров...
„Благодарност до амбасадорката за посетата на нашата општина, знаејќи како што истакна и таа дека сме збратимени градови со украинска Виница, разговаравме за енергетските капацитети, за развојниот потенцијал на нашата општина, конкретно за гасификацијата. Тема на денешната средба беше и продлабочувањето на соработката на нашата бизнис заедницата со стопанските комори во Република Украина“.
Во агендата на амбасадорката беше и посетата на фабриката РОТО-М која извезува во 13 земји, меѓу кои на листата од неодамна е и Украина.
Дел од своите меѓународни искуства споделија и останатите бизнисмени од Виница кои имаа работен ручек со дипломатската фела.
Покрај бизнис средби, амбасадорката се информираше и за археолошкото културно и историско наследство на Виница.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk