Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

А+ е доминантна, О- и Б- се дефицитарни крвни групи кај Виничани

Љупчо Стојмиров, вработен во Тондах е новиот почесен член на Листата на стократни дарители од Виница. Јонче Златков и Гоце Димитров ја прошируваат групата на дарители со над 75 пати. Викендов, стократните рекордери како и новите членови со над 75 пати беа почестени по повод Светскиот ден на крводарителите, 17-ти март.

Градоначалникот Ивица Димитров им врачи пригодни поклони, а Јавна Благодарност искажаа и од општинската организација на Црвен Крст. Благодарници беа врачени на фирми и институции со најголем број вработени крводарители: Тондах, Полициска Станица, SBW и СОУ „Ванчо Прќе“.>Општинската организација на Црвен Крст минатата година го заокружи третото место на националната листа на општини со најголем број собрани крвни единици, или поточно со собрани 1136 крвни единици во 16 акции, со натфрлен план од 210,80 %.
Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk