Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

ТРЕТА РЕГИОНАЛНА МАНАСТИРСКА СРЕДБА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Дружба, смеење и размена на позитивни импулси како најсигурен природен регенератор во пролонгирањето на животниот век, е мотото кое го научија и доста често го практикуваат македонските пензионери. Едвај чекаат повод некој да ги организира и да тргнат во нов поход кон ново полнење на “батериите.“ Манастирските средби им се секогаш добредојдени затоа што овде првин духовно се полнат, а потоа физички се трошат, никој не им е рамен кога ќе го заиграт најголемото оро.

Токму таква беше и вчерашната регионална средба на манастирот “Св.СПас“, трета година по ред домаќин е Здружението на пензионери од Виница, а гости имаше од 13 други општини. Присутните ги поздрави градоначалникот Ивица Димитров кој рече: “Бројките се доволен доказ дека оваа локација со својот духовен шарм е одличен магнет за верниците од нашиот крај, но и од соседството. Виничките пензионери кои на број се околу 2500 имаат неколку вакви средби во годината, и посебно значење има оваа овде, бидејќи тука има простор да се соберат повеќе стотици пензионери кои ни доаѓаат од 13 здруженија“. Претседателот на виничкото здружение Драги Петров како домаќин, ги почести гостите со манастирски ручек и добра музика, а секретарот во Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, истакна дека овие средби секогаш ќе ја имаат подршката од Сојузот, а оваа во Виница од догодина ќе биде републичка бидејќи е во пресрет на националниот ден на пензионерите 20-ти септември, ден кој го слават 300.000 пензионери во државата.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk