Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

СО ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ДО КВАЛИТЕТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА СЕЛО ТРСИНО

Подрачното училиште во с.Трсино во кое учат 35 деца и градинката која е во склоп на училиштето, ќе штедат на сметките за струја. Монтажата на 32 фотоволтаични панели на кровот од училишната зграда, треба на ноемвриските сметки за струја да покаже – 50 % заштеда. Покрај заштеди, училиштето, црквата и игралиштето се и комплетно осветлени во текот на ноќните часови - “ Во село Трсино се заокружува првиот од трите проекти финансирани од Светска Банка преку Министерството за финансии, 75% од средствата се обезбедени од Светска Банка, а другите 25% од општинскиот Буџет.

Со овие фотоволтаични панели се обезбедува енегија за училиштето и за градинката, како и осветлување на црквата и на селското игралиште, така да централниот дел од селото, со ова осветлување е комплетно безбеден во ноќните часови. Инвестицијата во овие фотоволтаични панели е во висина од 1.538.000,00 денари“, рече градоначалникот Ивица Димитров. Фотоволтаиците во село Трсино се првиот завршен од трите проекти кои се финансират преку Светска Банка и општина Виница, во тек е и изградбата на филтер станицата во селото, како и изградбата на локалниот пат во с.Грљани. Вкупната планирана инвестиција е околу 270.000 евра.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk