Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

ОД 22 ОКТОМВРИ ЗАПОЧНУВА ФЕСТИВАЛОТ „ИН ВИНИЦА ВЕРИТАС“

Со изложба на карикатури од карикатуристите кои годинава се пријавија на Конкурсот кој го распиша Домот на културата „Тошо Арсов“ на тема „Часовникот на судниот ден“, на 22 октомври (понеделник) започнува Фестивалот за хумор и сатира Ин Виница Веритас. Во рамките на свеченото отварање, за првпат ќе бидат доделени признанија на основоположниците на Фестивалот, а добредојде на гостите ќе им посакаат Стрезо и Никола со вториот дел од кабарето „Од две мајки браќа“. На програмата во вторник е Интернационалната вечер за хумор и сатира со промоција на книгата од Миле Ѓорѓијоски “Трагачи на парадокси“, која на 27 октомври ќе биде промовирана и во Белград., а во рамките на вечерта ќе биде отворена изложба на карикатури од Дарко Дрљевич. Претставите кои ќе може да ги види публиката се “Кец на десетка“ на МНТ; “Дони Дарк“ на Театарот Комедија; “Мани, Мани, мани“ на театарот “Трајко Прокопиев“ од Куманово, а ќе гостува и театарот од Трјавна со претставата „Љубов под хипноза“. Картите за претставите во продажба се пуштени од понеделник - 15 октомври.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk