Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Старата виничка куќа низ цртежите на Петар Намичев

Преку 30 цртежи изработени во туш на хартија, виничани денес се потсетија на подзаборавената стара архитектура од куќите на бабите и дедовците, од која голем дел веќе и ја нема. Денес во просториите на Галерија “Венеција“ беше отворена првата изложба на цртежи од традиционалната архитектура од 19-ти и почетокот на 20-ти век под наслов “Виничка Куќа“, на која се претставени карактеристиките на типичната селска и градска куќа од тој период, прикажувајќи го притоа градскиот или селскиот амбиент со одредени примероци, како дел од градителското наследство.

Авторот на изложбата Петар Намичев, овој проект го дефинираше и како своевиден апел до институциите за преземање на соодветни мерки за заштита на ова значајно историско и културно наследство.
“Како дел од македонското градителско наследство за вас посебно значење има куќата на Ќазим Бег како едно јадро околу кое се формирала целата архитектура од тој период. Во светот тие вредности многу повеќе се валоризираат, а оваа изложба е само обид да се потврдат тие вредности. Ова е дел од документацијата која сум ја собирал од 1985 година кога работев на Виничко Кале и се надевам ќе побуди интерес кај пошироката јавност“, истакна авторот Намичев. Музејот Теракота како иницијатор за организирање на изложбата, и издавач на првиот каталог со овие градби бара поголема ажурност за зачувување на автентичноста на старите македонски градби , кои за жал се помалку ги има “'Во Виница останаа уште неколку руинирани градби, меѓу кои е куќата на Ќазим бег, која е поврзана со Виничката афера. Тоа е куќа која со пожар беше уиништена, имаме документација така да оваа куќа може да се реставрира. Нашиот музеј работеше на проект за реставрација на ова куќа, но неопходна ни е посилна подршка од надлежните институции за да го истераме проектот до крај“, апелираше директорката Иванова. Изложбата е отворена од денес во просториите на Галерија “Венеција“, а Виничани ќе можат да ја разгледаат во следните две недели.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk