Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Виница слави 25 години Ин Виница Веритас

Да се возобнови ѕидот на смеата за кој во 1995 година пишуваа и светските медиуми, ѕидот стана препознатливо обележје на првиот Фестивал за хумор и сатира во Македонија “Ин Виница Веритас“ Фестивал кој долги години беше подзаборавен, но повторно беше возобновен во 2009 -та година, и продолжува да ги исполнува очекувањата на домашната виничка публика која бројните гости актери досега ја имаат рангирано со највисоки оценки. Оваа порака од бината на Фестивалот ја испратија првите иницијатори и основачи на првиот хумористичен настан во Македонија кои пред 25 години ги испишаа првите страници од Ин Виница Веритас, а таа нивна заслуга го доби и највисокото признание од општината и Домот на културтата “Тошо Арсов“. Градоначалникот Ивица Димитров плакети за “25 години Ин Виница Веритас“ врачи на: Благој Лазаров (тогашен претседател на Собрание), Мирхад Јусрефовски, Ѓунер Исмаил(тогашен министер за култура), Миле Бојаџиски (постхумно), Иван Бојаџиски (новинар) и Миле Бојаџиски (сатиричар). Еве што порачаа основоположниците од виничката сцена.

Иван Бојаџиски, новинар:
- “Виница за мене е град со приказна, најубава што може да ја раскаже еден човек. Во светот постојат четири знаменити зидови, Ѕидот на плачот, Кинескиот, Берлинскиот, и Зидот на смеата во Виница. Берлинскиот е веќе срушен, но срушен е и ѕидот на смеата во Виница, бидејќи беше срцето на Фестивалот. Јас сакам да порачам да се возобнови, бидејќи Виница по тоа стана позната, и светски медиуми пишуваа за тоа.“
Благој Лазаров, поранешен градоначалник на Виница. Тогаш во далечната 1993 успеавме да ги прибереме сите сатиричари и карикатуристи, а ги наградивме Миле Поповски, Иван Карадак, кој беше голем сатиричар на македонските простори. Сите тие не се меѓу живите, но ме радува фактот што оваа манифестација продолжува да живее. Јас ќе им посакам уште 25 години, да ми поделат уште една плакета“.
Миле Ѓорѓијоски, сатиричар:
“Наградата за 25 години Ин Виница Веритас е многу позначајна за мене и од Нобеловата награда (доколку некогаш ја добијам).
Градоначалникот Ивица Димитров со апел и порака до младите ентузијасти и креатори да се вклучат во збогатување на содржините со нови идеи.
“Ние како општина и како локална власт сакаме да го задржиме досегашниот континуитет на фестивалските содржини од кои дел во изминативе осум години му дадоа и квалитетна интернационална нишка на Фестивалот, го лоцираа на листата на Меѓународни Фестивали, но не смееме да застанеме тука, како општина отворени сме за нови идеи и иницијативи кои ќе ја збогатуваат програмата, и со сиот свој расположив капацитет ќе се залагаме истите да бидат реализирани“.
За насмевката на Виничани во Првата вечер од Фестивалот кој наместо 5, ќе трае 6 дена до сабота, се погрижија нашите редовни гости Стрезо Стаматовски и Никола Тодоровски со вториот дел од шоуто “Од две мајки браќа“, а за рекреативниот дел од отварањето на Фестивалот се погрижи и актерот Столе Ѓорѓиев.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk