Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

AСФАЛТИРАН ЛОКАЛНИОТ ПАТ ТРСТИЈА- ГРЛАНИ

8 милиони денари е сумата која општина Виница преку Светска Банка ја обезбеди за асфалтирање на локален пат кој ги поврзува селата Трстија и Грлани. - “Со овој патен правец завршуваме со асфалтирање за оваа година, последниот проект кој го реализираме преку Светска Банка после Филтер станицата во Трсино и фотоволтаичните панели во училиштето, е патниот правец од село Трстија преку маалата Петревци и Бељовци до школото во село Грлани.

Патот е во должина од 1794 метри, има четири пропусти од кои еден помал и три поголеми. Вкупната инвестиција на општината е 8 000 000,00 денари, од кои 25% ги инвестиравме од општинскиот Буџет, останатите се обезбедени преку Светска Банка“, рече градоначалникот Ивица Димитров. Овој патен правец отвара нова перспектива во развојот на овие ридско-планински планински рурални подрачја. Природната хармонија и мирот овде нудат повеќе алтернативи, од градење на викенд населби, па до современи услови за развој на пчеларство, сточарство, или друг адаптибилен земјоделски развој, но не е исклучена можноста во иднина да се развива и селскиот туризам.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk