Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Општина Виница со грант од УНДП во висина од 33.000 евра работи на реконструкција на Интернатот во Блатец

Седуммина ученици со посебни образовни потреби кои престојуваат во Интернатот во Блатец, наскоро ќе имаат комплетно нови и софистицирани услови за работа во единствената институција во регионот која нуди настава и престој за основно образование. Во тек е реконструкцијата на постоечкиот Интернат во Блатец, која според градоначалникот Ивица Димитров, се одвива во две фази: “Во тек е промената на дрвената столарија во Интернатот, по што ќе следува и нова фасада на зградата во чии состав е и Детската градинка.

Од 1951 година кога е изграден објектот, досега е вршена само промена на кровната конструкција, ова е прва комплетна реконструкција после 6-7 децении. За овој проект се обезбедени 33 000 евра од од УНДП, а дополнителни средства за комплетирање на ентериерот ќе бидат обезбедени од бизнис секторот и од Буџетот на општината“ рече Димитров. Во овој објект со кој стопанисува подрачното училиште во Блатец, основно образование поминале преку 100-на деца со посебни образовни потреби, вели учителката Иванка Спасовска; “- Моменталната бројка е над 7, максимумот на сместени ученици во Интернатот достигнувал и до 30 од 1-9 одделение во наставата за деца со посебни образовни потреби. Во Источна Македонија е еден и единствен учетички дом, досега во мојата повеќегодишна работа овде поминале голем број ученици, сега моментално имаме од Пехчево, Пеклани, Градец, Нивичани, а со оваа реконструкција и подобрување на условите очекуваме дека ќе имаме и повеќе“, вели Спасовска.
Во состав на зградата, работи и детската градинка во Блатец каде моментално престојуваат 15 дечиња, а во истиот објект беше извршена и реконструкција на дрвената столарија, а ќе биде покриен и со нова фасада.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk