Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

„Спортски асови 2018“, нова спортска страница за општина Виница

Од синоќа општина Виница започна да пишува уште една нова страница во спортската историја на градот. Овој настан беше комплетна слика од најдоброто во спортот во нашата општина, но и мерило во која насока се движат амбициите и успесите на нашите клубови. Овој настан се организираше на иницијатива на градоначалникот Ивица Димитров, а во соработка со дел од спортската фела во Виница, во реализација на Комисијата за настани и манифестации во општината.

“Впрочем, првичната цел за организирање на оваа манифестација ни беше идејата првин да се преброиме колку сме, да се собереме вака на куп како вечерва, да споделиме различни мислења и видувања, да ги зајакнеме спортските нишки меѓу вас клубовите, но и да ја покажеме нашата отворена подршка за се она што заслужува да биде финансирано и спонзорирано од наша страна. Манифестацијата “Спортски Асови 2018“ ја стартуваме вечерва за да Ви покажеме и докажеме дека општината и јас како градоначалник стоиме и ќе стоиме зад сите ваши успеси , да им покажеме на младите дека ние сме тие кои мислиме на нив и кои сакаме да помогнеме во креирањето на нивната спортска кариера и иднина, дека не се оставени сами на себе...“, рече градоначалникот Димитров.. На јавниот повик кој беше објавен од 8-20 јануари стасаа поголем број пријави, а Комисијата синоќа ги избра најдобрите во 6 категории. - Маратонката Адријана Поп Арсова која во неколку наврати го руши националниот рекорд во трчање, беше прогласена за најдобар спортист во 2018 Според гласањето на Комисијата, во категоријата “Најдобар спортист за 2018“ беа прогласени и гимнастичарката Јана Николова, како и Климент Ефтимов, најдобар стрелец од клубот Торо спорт. Во категоријата најдобар млад надежен спортист беа доделени две награди, во машка конкуренција победи кик боксерот Јани Постолов, а во женска конкуренција беше избрана гимнастичарката Патриција Костадиновска. За најдобар спортски настан, беше прогласен “Чупино треил“, првата меѓународна трка; за најдобар спортски клуб “Торо спорт“, за најдобар тренер Дарко Гоцевски, и за најдобар училишен клуб, признанието го доби УСК “Гоце Делчев“. За спортистот на годината градоначалникот Ивица Димитров врачи ваучер од 7000 денари и Признание, додека за сите останати следуваа парични награди од по 5000 денари. За поединците (Ања Георгиева, Нина Пискунова, Лука Змејкоски, Лука Серафимовски; Јане Постолов; Џесика Арсова; Леонид Гошев; Димитриј Спасов) и клубовите следуваа Пофалници и награди од компанијата Макпрогрес.
Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk