Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Златен медал за Спасов на државното првенство во бодибилдинг

Дваесетгодишниот Стојанче Спасов од Виница го освои златниот медал на годинашново државно првенство за боди билдинг во категоријата јуниори и второ место во апсолутна конкуренција на “Атлета 2012“ во организација на Бодибилдинг и Фитнес федерацијата на Македонија.

Неговиот успех го поздрави градоначалникот Емил Дончев кој истакна:
- Ние помогнавме Стојанче да биде дел од државното првенство и сме горди на неговиот успех, а секако ќе помогнеме тој да биде учесник и на Светското првенство овој месец. Ќе се обидеме да најдеме спонзорства и од бизнис секторот.
- Подготовките се тешки, 6 недели интензивно вежбав за овој натпревар со два тренинзи секој ден, и сега имам уште две недели кои мора максимално да ги искористам со трениннг и секако соодветна исхрана, вели Спасов. Благодарен сум за подршката од градоначалникот и се надевам на уште успеси.
До крајот на месецот Спасов ќе биде дел и од Светското првенство кое треба да се оддржи во Словенија.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk