Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Потпишан договор за соработка и пријателски односи со хрватската општина Петрињa

Општина Виница од денес ја започнува соработката и со хрватските општини, се потпиша првиот договор за воспоставување на пријателски односи со градот Петриња од Хрватска, четврта општина со која Виница ќе се збратимува.

Градоначалникот Емил Дончев и претседателот на Советот на општина Петрињa Дарко Думбовиќ во присуство на претставници од Локалната Самоуправа во општината и советници од Петриња, го потпишаа прелиминарниот договор со кој го означија стартот на соработката помеѓу двете општини.
Градоначалник Емил Дончев:
- Отварањето на фестивалот “Ин Виница Веритас“ го бележиме со една нова соработка која започна од Бугарија каде ја имавме првата средба со градоначалникот на Петриња, и еве денес тука го официјализираме почетокот на збратимувањето со Хрватите. Ова е четврта општина со која се збратимува Виница, и се надеваме дека како и со претходните три, соработка ќе имаме пред се на економски план со воспоставување врски помеѓу приватниот сектор од двете страни, реализација на заеднички проекти, како и културна, спортска и секако соработка во областа на образованието.
Дарко Думбовиќ, претседател на Советот на општина Петриња:
- Кој не знае за Петриња, сигурно има слушнато за месната индустрија Гавриловиќ, а Петриња е родното место на фамилијата Гавриловиќ. Ова е договор за почеток, а пред нас е долготрајна и пријателска соработка. И Виница и Петриње имаат богата историја, а без историјата нема ниту минато, ниту сегашност. Се надеваме дека овој писмен договор ќе биде основа за соработка и градење пријателски односи не само меѓу нас, туку и меѓу нашите деца и внуци. Соработката ќе биде во повеќе области, но како што знаете од јануари 2013г., Хрватска е полноправен член во Европската Унија, и сите тие проекти кои се финансираат од европските фондови за инфраструктура бараат меѓугранична соработка која се надевам ќе биде искористена во развојот на економијата и на двата града.
Инаку општина Петриње има 25.000 жители и се наоѓа 60 километри југоисточно од Загреб. Фабриката за месни производи Гавриловиќ е носител на стопанскиот развој на овој крај. Има преку 30 спортски клубови, развиен лов и риболов,а во експанзија се и овчарството и козарството.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk