Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Промовирана книгата „Виничката мистерија Керамичката ризница од доцноантичкото време“

Долго најавуваната монографијата за теракотните икони од Виничко Кале на проф. д-р Елизабета Димитрова, конечно ја доживеа својата промоција како главен настан по повод Павловденските чествувања.

Насловена како „Виничката мистерија“ и уште со самиот наслов најавувајќи провокативни и возбудливи научни мисли, книгата на проф. Димитрова е досега најрепрезентативниот научен труд за виничките теракоти. Овде треба да се нагласи дека постои голема разлика помеѓу научно и каталошко презентирање, кое нешто е објаснето и во самата монографија. На 270 страници, на македонски и англиски јазик, богато илустрирани, теракотните релјефи за прв пат добија соодветна светска научна презентација. Монографијата е поделена во 23 поглавја:
Во првите три поглавја проф. Димитрова дава краток осврт за значењето на теракотните икони од Виничкото Кале и се осврнува на историјатот на проучување и популарното презентирање. За да добие многу појасна слика читателот, во следните две поглавја се зборува за историските настани и личности, како и црковните прилики во периодот на 5 и 6 век, односно во времето на настанувањето на мистериозните винички релјефи. Пред да започне со поединечно дешифрирање на секоја од релјефните претстави, авторката дава свои размисли за локалитетот Кале и ги сумира иконографските одлики на претставите.
Следните 14 поглавја на досега најпрецизен начин ги објаснуваат претставите на теракотните икони, вклучувајќи дескрипција на претставата и иконографско значење и симболична конотација на претставениот мотив. Меѓу досега познатите теракотни релјефи, во оваа монографија проф. Димирова за прв пат го објавува и дешифрира теракотниот релјеф со претстава на овоплотениот Спасител и со тоа додава уште еден комплетно објаснет мотив.
Новата теракотна икона за прв пат е откриена во археолошките кампањи во 90-тите години на минатиот век, а фрагментите кои недостасуваа за комплетно дешифрирање се откриени во 2011 година. Во овој дел до книгата проф. Димитрова се задржува и на два се уште недешифрирани релјефи, пред се поради нивната некоплетност, меѓутоа успева барем да ја посочи грешката во нивната досегашна презентација и да загатне нови прашања кои што виничките икони ги прават се уште голем научен предизвик предизвик. Книгата завршува со дел посветен на функцијата и значењето на иконите.
Издавач на монографијата „Виничката мистерија“ е музејот на град Виница. Главен покровител е градоначалникот на Виница, г-нот Емил Дончев, а издавањето е помогнато и од министерството за култура. Рецензент на монографијата е проф. д-р Сашо Коруновски, а многу детално ја промовирање проф. д-р Виктор Лилчиќ од катедрата за археологија при Филосовскиот Факултет-Скопје.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk