Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Конзулот на Перу во Македонија, Ненад Јаничевиќ, промовираше книга во Виница

На покана на градоначлникот Емил Дончев, почесен гостин на Виница по повод празникот Павловден беше и конзулот на Перу во Македонија, Ненад Јаничевиќ.

Престојот во Виница беше искористен за промоција на познатата книга “Кога лубовта победува во војната“ на авторката Хилдеглад Ритлер, како увертира во почетокот на соработката помеѓу општина Виница и јужноамериканската држава.
Промоцијата на книгата за лубовта која се случува меѓу перуански доктор и Германка, после втората светска војна кога Перу и објавува војна на Германија од која стихови цитираше познатата актерка Јелена Жугич, конзулот Јаничевиќ ја искористи и за промоција на државата Перу, потенцирајки ги сличностите помеѓу двете држави, најавувајки дека е овде да ги воспоставува културните, научните и бизнис мостовите. - Перу е многу блиска на Македонија, гостопримството, срцето кое секогаш ни е отворено за сите, го имаат и Перуанците, тие имаат праисторија, ние имаме античка историја, она што е Перу со 28 милиони за Јужна Америка, тоа е Мкаедонија со 2 милиони за Европа.
Во науката, во фолклорот, во културата нема големи и мали, а јас како почесен конзул сум овде да ги воспопоставам културните мостови, да ја спојам науката, да ја развијам и да ја пренесам културата и уметноста, да ги поврзам бизнисмените, истакна Јаничевиќ.
Присутните граѓани имаа ретка можност да научат нешто за перуанската култура, но и да добијат по еден примерок од книгата во комбинација со музичко ЦД.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk