Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Претставена сликата масло на платно посветена на Виничката афера

Во Галеријата „Теракота“ во Виница пред јавноста беше претставена сликата работена во масло на плано посветена на историскиот настан од крајот на 19-от век, Виничката афера.

На сликата цели 6 месеци работеа 4 членови на Друштвото на ликовни уметници „УМ“ и тоа: Катица Алексова, Дејан Спасов, Миливој Симеонов и Драко Богданов. Во обезбедувањето на материјалот и боите финансиски проектот го помогна Локалната Самоуправа заедно со градоначалникот Емил Дончев. Сликата “Виничката афера“ е со димензии 2 метри x 4 метри, и истата ќе ја краси салата за состаноци во општинската зграда. Со ова ликовните уметници од градот се вклучија во одбележување на Павловден, празникот на градот Виница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk