Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Министерот Панче Кралев во работна посета на општина Виница. Стартуваа капиталните инвестиции во три училишта во Виница

10 милиони денари се средствата кои Владата и Министерството за образование на РМ ќе ги вложат во подобрување на условите за школување на учениците од три училишта во Виница. Почетокот на градежните активности во училиштата, повод и за посета на министерот за образование Панче Кралев, кој детално ги разгледа училиштата, но оствари и тет а тет средба и со наставниот кадар.

Како што истакна министерот, 10-те милиони денари ќе бидат искористени за изградба на нова спортска сала во ПУ “Славчо Стојменски“ во село Градец каде учат 85 ученици, за комплетна реконструкција на подовите од СОУ “Ванчо Прќе“ на 8 училници, и замена на прозорците во ПУ “Гоце Делчев“ во село Истибања“. Според Кралев градежните фирми имаат рок од три месеци да ги реализираат планираните инвестиции. Градоначалникот Емил Дончев упати јавна благодарност за владината инвестиција, која според него е и најголема во образованието која ќе се реализира во толку краток период. Инаку општина Виница преку проект за меѓугранична соработка со Р Бугарија работи и на поставување рампа, нови санитарни јазли и лифт за учениците со посебни образовни потреби во ОУ “Гоце Делчев“, каде паралелно тече изградбата и на тениските игралишта.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk