Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Изложба на политичките досиеја на жртвите на комунизмот

Во рамките на Програмата за одбележување на Павловден во Домот на културата “Тошо Арсов“ е отворена изложба на политичките досиеја на лица затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот од 1945 до 1985 година од македонската комунистичка власт, кои што се бореле за независна Македонија и за идеалите на ВМРО.

“Сите овие документи се подготвени со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Државниот архив на Македонија, а за бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја“, истакна претседателот на Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани, Никола Андонов. Изложбата на која се поместени 60 паноа и е под покровителство на градоначалникот Емил Дончев ќе биде отворена само три дена.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk