Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Промовиран првиот музички запис на октетот Серенада

По пет години континуирана работа со настапи во Македонија и надвор од Македонија, младите следбеници на староградскиот мелос, на убавата виничка серенада од познатите винички групи “Јана“ и “Распеани Виничани“ решија да остават и нешто зад себе.

10 убави македонски песни со винички шмек обработени и компонирани на нивни начин ги заокружија како свое официјално музичко цд кое на 7 јули го промовирааа пред виничката јавност. Првиот официјален аудио запис на октетот “Серенада“ се промовираше со целосна подршка од општина Виница како старт на активностите за Павловден. Промоцијата беше збогатена со настап на познатата тамбурашка група “Ѓезме“ од Куманово.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk