Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Стопанската комора на Македонија во посета на приватната компанија Винчини

Стопанската комора на Македонија ги започна серијата посети на компаниите во Република Македонија за да се согледат најрелевантните показатели за состојбите и потребите при концептирањето на мерките од страна на носителите на економската политика.

Првата компанија која беше посетена од делегација на Стопанската комора во Источна Македонија беше Винчини од Виница, каде што главниот менаџер Глигор Цветанов информираше за успесите на оваа компанија која со 320 вработени остварува годишно производство од над 10.000 тони готови кондиторски производи со асортиман од над 200 разновидни прехранбени производи од кои 75% се извезуваат во над 33 земји во светот. Владата на РМ оценувајќи ја актуелната состојба во домашната економија промовираше две економски мерки кои ги поддржа Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а тоа се обезбедување нова транша од 100 милиони евра од Европската инвестициона банка за компаниите кои ќе бидат оперативни во првата недела од јули 2012 година и докапитализација на Македонската банка за подршка на развојот со нови 10,7 милиони евра, истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Македонија.
Владата на РМ ги подржува компаниите кои се ориентирани кон извоз зашто развојот на Мкаедонија го диктираат токму компаниите извознички, рече Азески и истакна дека тие ќе бидат постојано присутни на терен и поблиску до компаниите.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk