Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Започна реализацијата на меѓуграничниот проект за децата со посебни потреби

Лифт, пристапни рампи и соодветни санитарни јазли ќе добијат учениците со посебни образовни потреби во ОУ „Гоце Делчев“, како дел од реализацијата на Проектот „Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби“ кој општина Виница го реализира преку Центарот за развој на Источниот плански регион.

Проектот кој е финансиран од првиот повик за прекугранична соработка со Р. Бугарија е со вкупен буџет од 290.000 евра, од кои средства општините Виница, Кочани, Штип и Пробиштип треба да искористат 50% и во сите нив ќе се работи на подобрување на условите за лицата со посебни потреби.
За општина Виница се предвидени 27.000 евра, средства кои веќе се реализираат и со конкретни градежни активности, а во рамките на проектот се оддржаа и обуки на наставниците од училиштето заедно со училиштата од општина Гоце Делчев од Бугарија.
Изведувачот, градежната фирма „Аквамонтинг“ од Скопје со оптимизам дека проектот ќе се финализира до почетокот на учебната година.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk