Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Реализацијата на меѓуграничниот проект, повод за прва официјална посета на градоначалникот на општина Банско (Република Бугарија)

Започна реализацијата на еден од најзначајните проекти на општина Виница во долгорочно менаџирање со културното наследство. Со средства од втората компонента на ИПА фондовите деновиве започнаа градежните активности за уредување на Виничко Кале.

Со потпишувањето на договорот со фирмата “Бау Инвест“ како најповолен понудувач на тендерот од меѓуграничниот проект со општина Банско, Република Бугарија, во тек се земјените работи за изградба на пристапен пат во должина од 300 метри со паркинг простор, уредување на локалитетот со помошни објекти и пристапни патеки, како и осветлување на бедемите. Покрај инфраструктурен дел, со средствата од проектот се планирани и обуки за менаџирање со археолошкиот локалитет. Аплицирањето за овој проект, чии носител е општина Банско и е со вкупна вредност од 303.409 евра, започна 2009 година, а практичната реализација и во двете општини започнува деновиве. Од вкупниот буџет,125 000 евра се средства кои ги добива општина Виница. Реализацијата на овој заеднички проект беше повод за прва официјална посета на градоначалникот на општина Банско (Република Бугарија), Ѓеорѓи Икономов. Икономов оствари средба со градоначалникот Емил Дончев, го разгледа Виничко Кале, а во Музејот “Теракота“ се информираше околу значењето на археолошкиот локалитет. “Со средствата од проектот и општина Банско ќе уредува локалитет со велосипедски и пешачки патеки“, истакна Икономов. Двајцата градоначалници разговараа и околу тековните развојни правци на општина Виница и стопанските предизвици кои резултираа со посета на неколку фирми во градот.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk