Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Промовирана книгата „Необична приказна“ на седмооделенката Маријана Николова

Маријана Николова од седмо одделение од ОУ „Славчо Стојменски“ е првата основка која излезе со свое авторско остварување, деновиве ја промовираше книгата „Необична приказна“.

Тинејџерска, но полна со искушенија, секоја реченица успешно го задржува читателот кој е во исчекување на крајниот исход. Талентот и умешноста во изразувањето на Маријана е она за што зборуваше нејзиниот промотор, наставникот по германски јазик, Јадранка Илиева.
- Оваа година дознав дека Маријана пишува и навистина е вешта во тоа, Маријана е позитивна, креативна, знае да се изразува, во книгата “Необична приказна“ пишува за времето во кое живееме, секојдневието, вечните дилеми и прашања, го бара своето јас, ги опишува искушенијата кои ги носи животот, но кои не тераат да издржиме. Директорот на ОУ „Славчо Стојменски“, Јордан Стојанов го поздрави прозното остварување на ученичката најавувајки дека училиштето секогаш ќе ги поддржува креативните и продуктивни ученици.
Ова е првото авторско остварување на Маријана кое го помогнаа Домот на културата „Тошо Арсов“, градоначалникот Емил Дончев, ЈОУ Библиотека „Ванчо Прќе“, како и неколку приватни компании од градот. Маријана нејзиниото првенче го посочи како прв чекор кон нејзината светла иднина.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk