Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Винички мед на анализа во јапонските лабаратории

Јапонска бизнис делегација, предводена од Кен Хашимото, Директор на институтот за пчелни производи и здравје и Шоу Батанабе, д-р по Интегрална медицина го посети виничко - кочанскиот регион со цел да се информира околу начинот на одгледување на пчелите и производството на мед и кај нас.

Гостите од Јапонија во кабинетот на градоначалникот Ратко Димитровски остварија средба со претставници од здруженијата од Виница, Кочани, Пробиштип и Берово, по што следуваше обиколка на теренот со посета на пчеларникот на Звонко Јованов во Виница. Јапонците земаа повеќе примероци од органски и конвеционален мед и прополис за анализи и испитувања во нивните лабаратории во Јапонија. Јапонците кои се дел од „Yamada Apiculture Center Inc“, компанија што е најголем производител на мед на Истокот со околу 2.000 вработени, изразија заинтересираност за откуп на мед од овој регион кој во својот состав не содржи хемиски соединенија. Токму со таа цел беше и земањето примероци од повеќе пчелари од Виничко, првин да се уверат во квалитетот, а дури потоа да го понудат на своите пазари.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk