Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Одбележан патрониот празник на СОУ “Ванчо Прќе“

Вчера, 21 мај, СОУ “Ванчо Прќе“ го одбележа својот патронен празник. Ланската година биста на патронот, а годинава екстерно уредување на училишниот двор и задниот влез од училиштето како битен сегмент во еколошката интеграција.

Новиот поплочен дел од дворот на училиштето покриен со настрешница и декориран со жардињера го официјализираше градоначалникот Дончев кој ги поздрави сите досегашни успеси на кадарот, притоа потенцирајќи дека средното училиште од година во година станува се поатрактивно за идните средношколци.
Прославувајки го патронот преку стихови и рецитали учениците потсетија на големото име и дело на еден од најистакнатите револуционери и хегемони на отпорот против фашистичките окупатори, Ванчо Прќе.
Јавно беа пофалени сите ученици кои постигнале значајни резултати на државните натпревари, а беа доделени и наградите на најдобрите текстови од литературниот конкурс во училиштето на тема “Кај што е добро, таму е татковината“: Кристина Цонева, Теодора Стоилова, Александар Стоименовски и Сара Митева. Покрај на македонски јазик, учениците читаа и рецитираа и на англиски и германски јазик.
Училиштето паралелно со успесите одлично го промовира и својот музички бенд со професорот Гоце Данилов кој на површина исфрла квалитетни и талентирани музичари, но и гласови.
И како екстра декор во целокупната програма беа моделите со рачно везени мотиви на учениците од текстилната струка, кај кои теоријата веднаш преминува во пракса и профит. На својот штанд понудија изработки кои ги продаваа по симболични цени.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk