Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Општина Виница

Во Истибања одбележан денот на резервните офицери- 21мај

Јарболот со македонското знаме се крена и на споменикот на паднатите борци во с. Истибања. Во иднина знамиња ќе бидат поставени на сите историски обележја во општина Виница, ова е ставот на Организацијата на резервните офицери на Македонија која во Истибања го одбележa својот ден - 21 мај.

„Без минатото не можеме да ја имаме сегашноста, без сегашноста не можеме да ја градиме иднината“, истакна претседателот на ОРОРМ - Ѓорѓи Малковски. Насобраните жители ги потсети на дел од историските факти кои не смеат да бидат избришани од нашата меморија Градоначалникот Дончев кревајки го новопоставениот јарбол уште еднаш ја потврди својата несебична подршка на активностите на резервните офицери. Во изминатите неколку дена општината изврши поплочување на просторот околу споменикот, а благовремена заштита и уредување е планирано и на останатите спомен обележја. Програмскиот дел од одбележувањето беше збогатен и со настап на училишниот хор од ПУ “Гоце Делчев“ заедно со професорот Игор Насев.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk