Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Градоначалник Ивица Димитров

Ивица Димитров е роден на 30 април, 1983 година во Виница. Дипломирал на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип каде се стекнал со звањето инженер- технолог.

Од 2007 година до 2012 година работел како раководител во одделението за фарбање и печатење во фабриката за трикотажа „Зона Трико“ во Виница, а од 2013 до 2017 е главен технолог за производство во Модната групација „ИНТ–Трејд“ од Кочани. Пред да биде избран за градоначалник на општина Виница бил директор на Државен комунален инспекторат на Република Македонија . Димитров во континуитет се дообразувал и следел разни семинари во земјава и во странство. Во 2009 година следел обуки и семинари во компанијата Bezema во Швајцарија, каде се стекнал со сертификат за боење на текстилни материјали. Во 2010 одина и во 2011 година добил сертификат за перење и штампање на текстилни материјали во Либерец, Република Чешка, во компанијата Huntsman, а во 2016 година добил награда за најдобар технолог инженер за фарбање, перење и печатење на текстилни материјали во Република Македонија. Го сака спортот, особено кошарката која претставува негово омилено хоби. Оженет e и татко на две деца.

Општина Виница
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk