Едно прво и две втори места, освоени четврто и петто место е билансот на успехот од државните натпревари за СОУ “Ванчо Прке“.

Директорката Царка Парцанска со парични награди за првите три места, организираше прием за наградените. Елеонора Лазарова го освои првото место на државниот натпревар по биологија во организација на Народна Техника, под менторство на професор Елида Ангелова. Две втори места на државниот натпревар по социологија постигнаа Јулија Лазарова и Благица Трајчева под менторство на професорките Васка Лазарова и Јадранка Атанасова. Наградите од државните натпревари се еден континуитет во училиштето кое годинава е отворено за прием и едукација на нови 300 осмооделенци