КУЛТУРА
Во текот на долгата историја на Виница, културата земала значајно место. Културните манифестации се одржуваат на различни локации како што се Домот на културата "Тошо Арсов" и Градската библиотека "Ванчо Прке". Најпознати музички изведувачи се бендот "Јана" и ансамблот на народни песни"Распеани Виничани", а во овој контекст треба да се спомене и театарската група "Сцена". Најпопуларен културен настан е Меѓународниот фолклорен фестивал на народни ора, Истибанско Здравоживо, кој е организиран од фолклорниот ансамбл "Китка" од Истибања, а под покровителство на Општина Виница, и се одржува секоја година и тоа во месец септември.
Домот на Културата и Библиотеката организираат културни манифестации, а за спортските активности е задолжено јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.
КУЛТУРА
1. Дом на култура "Тошо Арсов" - Виница
Домот на културата "Тошо Арсов" - Виница во употреба е повеќе од 50 години и успешно придонесува за развој на културниот живот во градот и неговата околина. Оваа институција ги покрива сите сегменти од сферата на културата и воедно претставува центар на сите културни случувања.
Основното мото и постоечката цел на Домот на културата е создавање на културни манифестации. Целта е вклучување и учество на младата популација од градот во културните проекти, но и посета на други културни проекти, како во Републиката така и надвор од неа.
Домот на културата се истакнува преку неколку активности, со кои ја докажува својата оправданост на постоење пред граѓаните. Посебно треба да се истакнат следниве:
- Мандолинскиот камерен оркестар, составен од 5 члена, сите академски музичари, чиј репертоар содржи познати класични уметнички дела и адаптации на познати евергрин нумери;
- Староградскиот музички октет "Винеам", кој изведува мелодии со староградски ноти и некои каректеристични песни врзани за самиот град Виница;
- Драмското студио, каде младите талентирани луге ги откриваат тајните на драмската изведба;
- Етно оркестарот, составен од 5 музичари и 3 пеачи. Кој интерпретира стари македонски песни со модерен аранжман и
- Детскиот фолклорен клуб, кој е составен од 50 деца водени од искусен кореограф.
Во домот на културата годишно се изведуваат 40 културни манифестации, меѓу кои спаѓаат и:
- Изложба на сликари од земјата и странство
- Гостувања на театарски куќи
- Музички фестивали
- Концерти на класична музика
- Промоции на книги и др.
Следејќи ги современите текови на живот, како и лошата финансиска ситуација во општеството, Домот на културата се издржува од финансиски извори од странски фондации, како и преку самофинансирање.
2. Библиотека "Ванчо Прке" - Виница
Градската библиотека е основана 1946 година како единствена институција од овој вид на територијата на Општина Виница. Во нејзина деловна рамка, како и во соработка со подружниците во Блатец, Истибања, Лаки и Драгобраште започна да развива библиотекарна мрежа за Општината. Вкупниот број на книги во библиотеката во Виница, заедно со книгите од локалните библиотеки изнесува 47,000. Целокупниот инвентар, техничи и професионално е елабориран, согласно меѓународните стандарди за библиотекарско работење, а корисниците имаат можност за пристап до целиот книжен фонд преку адекватен информативен каталог. Во моментов, Библиотеката е поврзана со мрежната база на податоци на Подрачниот Центар во Штип, што им овозможува на корисниците пристап до книжниот фонд во тоа подрачје и во Републиката. Исто така во просториите на библиотеката постои можност за користење бесплатен интернет за редовните читатели.
Библиотеката поседува читалана за возрасни и за деца, каде читателите можат да се послужат со дневни весници и списанија.
Истиот простор се користи и за разни културни манифестации и афирмација на книжниот фонд преку изложби, средби со пистаелите и промоции на книги.
Во рамките на библиотеката работи и литературниот клуб "Везилка", кој пред неколку години го издаде својот прв алманах.
Денес, народната библиотека "Ванчо Прќе" - Виница е водечка културна и образовна институција во Општината, а нејзините богати активности оставаат особен печат на културно-образовниот развој во Виница.
СПОРТ
Во спортските активности, фудбалот предводи со својата долга историја. Првиот фудбалски клуб е основан во 1934 година под името "Плачковица", кој подоцна е преименуван во "Слога", за да денес се вика "Филип 2-Слога".
По завршувањето на спортската сала во Виница се отворија и нови спортски клубови како што се:
- Кошаркарскиот клуб "Славчо Стоjменски"
- Бадмингтон клубот "Винчини" и
- Карате клубот "Блатец"