За Виница
Општина Виница се наоѓа во источниот дел на Македонија. Поширокото подрачје на општината Виница го зафаќа југо-источниот дел од Виничко-Кочанската котлина и се наоѓа помеѓу планините Обозна и Голак и планината Плачковица. Го зафаќа средишниот дел од коритото на реката Брегалница, која тече низ долината. Просторната и географската локација на општината е многу поволна.

Општина Виница зафаќа површина од 443 km2, а се простира на висина од 360 m до 1,754 m.

Општината е составена од 15 административни единици: Истибања, Јакимово, Калиманци, Крушево, Виничка Кршла, Лески, Градец, Грљани, Драгобраште, Трсино, Лаки, Црн Камен, Пекљани, Блатец и Липец.
Виница има поволна географска положба и добра сообраќајна поврзаност со околните градови. Така, таа е оддалечена 44 km од Берово, 44 km од Пехчево, 10 km од Кочани, 40 km од Штип, источниот дел на Превалец е оддалечен 19 km од Македонска Каменица, од Делчево 42 km, а од Скопје Виница е оддалечена 130 km. Меѓународниот пат до Бугарија поминува низ Виница и Делчево, а преку Кочани, Штип и Велес излегува на автопатот Скопје - Гевгелија.