Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Артикли

Реконструкција на водоводна мрежа

Министерството за транспорт и врски распиша јавна набавка за реконструкција на водоводната мрежа во Општина Виница која е стара повеќе од 30 години и е составена од азбестноцементни и поцинковани цевки со несоодветен профил. Истите необезбедуват адвекватен проток на вода соодветствен на потребите на населението. симни цела тендерска

ДЕЛ V. Техничка документација и планови и технички опис

За олеснување при подготвување на понудите, од страна на договорниот орган ќе биде овозможен увид во извадоци од проектна документација и тоа: - Основен проект за Реконструкција на дел од водоводна мрежа во населено место Виница, општина Виница, по принцип „клуч во раце“ Увидот во наведената проектна документација ќе биде овозможен во просториите на Министерството за транспорт и врски, улица “Даме Груев“ број 6, Скопје, секој работен ден од 10.00 до 14.00 часот, телефон за контакт (02) 3 145 461, факс (02) 3 126 162, електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

ТЕХНИЧКИ ОПИС

ВОВЕД
Општина Виница се наога во источниот дел на Македонија и со својата површина од 334 км2 е една од помалите општини. Го зафака југоисточниот дел од Виничко-Кочанската котлина, ограничена со планините Плачковица и Голак. Општинскиот административен центар е градот Виница кој се простира помегу Виничка и Градешка река, но се шири и во останатите правци. Местоположбата на населеното место Виница овозможува добра поврзаност со соседните општини во регионот.
Населното место Виница има изграден водоснабдителен систем од кој се задоволуваат потребите на потрошачите, како по квалитет на водата, така и по нејзиниот квантитет.
Водоводната мрежа во градот е изградена пред повеке од 30 години и се состои од различит вид на цевки – азбестцементни и поцинкувани, вградени со несоодветни профили, кои поради надраснатите потреби на населението не ги задоволуваат потребите на населението за обезбедување на соодветен проток и притисок. Мрежата на одредени делници каде се вградени поцинкованите цевки поради староста се доста оштетени, со што се создаваат и одредени загуби на вода во водоснабдителниот систем.
Во изминатиот период, општината Виница започна со реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Виница, со што на тој дел од мрежата се намалени загубите.
Предмет на оваа документација е реконструкција на дел од преостанатиот дел од мрежата, со што загубите на системот ке се сведат на минимум и ке се обезбеди квалитетно водоснабдување на потрошувачите.

Техничко решение

Општо
Со техничката докуменација се предвидува да се изврши реконструкција на дел од старата водоводна мрежа во Виница и да се заменат старите дотраени водоводни цевки со нови цевководи и објекти со потребната хидротехничка опрема во нив, со материјали кои одговараат на техничкуте проописи и норми.
Улиците на кои ке се изведуваат градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа со проектната документација предвидено е да се доведат во првобитна состојба.
1. Хоризонтално решение
Со хоризонталното решение реконструкција на дел од водоводната мрежа предвидено е да се изведе во четири блока, при што реконструираните водоводни линиии се поврзуваат на постојните водоводни линии.
Во прилог прикажано е хоризонталното решение на реконструкцијата на водоводните линии (ВЛ) по блокови:


Блок I
1. Водоводна линија бр 1 по улицата Никола Карев во должина од 282.22м.
На стационажа 0+000.00се поврзува на постоечка водоводна линија на улицата Никола Карев.
2. Водоводна линија бр 2 по улицата Кирил и Методи во должина од 142.15м
На стационажа 0+000.00 се поврзува на ВЛ1 во ВШ17 (новопредвидена)
3. Водоводна линија бр 3 по улицата Кирил и Методи во должина од 168.78м
- На стационажа 0+000.00 се поврзува на ВЛ2 во ВШ18 .На стационажа 0+168.78 се поврзува на постоечка водоводна линија.

Блок II
1. Водоводна линија бр 4 по улицата Македонска, Гоце Делчев и Јане Сандански во должина од 1019.27м
Се приклучува на постојниот потисен цевковод бунари-резервоар на стационажа 1+868.76 со изведба на нова водоводна шахта ВШ15.
- На стационажа 1+019.27 се поврзува на постоечката водоводна линија. По должина на трасата предвидена е изградба на водоводни шахти: ВШ19, ВШ20, ВШ21, ВШ22, ВШ23, ВШ24, ВШ25, ВШ26, ВШ27, ВШ28, ВШ29 за приклучување на постојните водоводни линии.
2. Водоводна линија бр 5 по улицата Јане Сандански во должина од 118.22м
Се поврзува на водоводната линија ВЛ4 во ВШ26 .на стационажа 0+118.22 се поврзува на постоечката водоводна линија.
3. Водоводна линија бр 6 по улицата 4-та Македонска Бригада во должина од 389.09м
Се поврзува на ВЛ4 на стационажа 0+738.19 во ВШ28.на стационажа 0+389.09 се поврзува на постоечката водоводна линија на ул 4-та Македонска бригаде.
Долж трасата предвидени се шахти ВШ30 и ВШ31 за приклучување на постоечките водоводни линии

Блок III
1. Водоводна линија бр 7 по улицата Љупчо Сантов во должина од 303.60м
Се поврзува на постоечка водоводна линија во ВШ32 на стационажа 0+042.00.
Долж трасата предвидени се :
- ВШ33 за поврзување на ВЛ 14 која на крајна стационажа 0+120.68 се поврзува на постоечка водоводна линија на ул. Димитар Осоговски.
- ВШ34 каде се поврзува на постоечката водоводна линија на ул.Љупчо Сантов
- ВШ35 за поврзување со ВЛ9
- ВШ36 за поврзување со Вл8 и постојна водоводна линија на ул.Љупчо Сантов
2. Водоводна линија бр 8 по улицата Даме Груев во должина од 221.87м
Се поврзува на ВЛ7 во ВШ36 на стационажа 0+000.00 и Вл12 во ВШ39 на стационажа 0+221.80.
- На стационажа 0+138.00 во ВШ37 се поврзува со Вл10.
- На стационажа 0+129.34 во ВШ38 се поврзува со Вл 11
3. Водоводна линија бр 9 по улицата М.Хаџи Василев во должина од 131.56м
- На стационажа 0+000.00 се поврзува со ВЛ8 во ВШ35.
- На стационажа 0+131.56 се поврзува со ВЛ10 во ВШ40
4. Водоводна линија бр 10 по улицата Стив Наумов во должина од 176.31м
- На стационажа 0+000.00се поврзува со ВЛ 8 во ВШ 37.
- На стационажа 0+176.31 се поврзува со ВЛ 13 и постоечка водоводна линија во Вш42
5. Водоводна линија бр11по улицата Климент Охридски во должина од 171.10м
- На стационажа 0+000.00се поврзува со Вл 8 во ВШ38.
- На стационажа 0+171.10 се поврзува со ВЛ 13 со ВШ42
6. Водоводна линија бр 12 по улицата Страшо Пинџур во должина од 165.17м
- На стационажа 0+000.00се поврзува на постоечка водоводна линија на ул.Страшо Пинџур.
- На стационажа 0+005.00 се поврзува на ВЛ8 во ВШ39.
- На стационажа 0+165.17 се поврзува со ВЛ 13 и постоечка водоводна линија на улица Страшо Пинџур во ВШ43
7. Водоводна линија бр 13 по улицата Љупчо Сантов во должина од 100.80м
8. Водоводна линија бр 14 по улицата В.Ц.Вири во должина од 120.68м

Блок IV:
1. Водоводна линија бр 15 по улицата Пионерска во должина од 115.34 м
- На стационажа 0+000.00 се поврзува во ВШ11 на потисен цевковод.
- На стационажа 0+115.34 се поврзува со ВЛ17 во ВШ47.
2. Водоводна линија бр 16 по улицата Илинденска во должина од 143.88 м
- На стационажа 0+000.00 се поврзува на потисен цевковод во ВШ 12.
- На стационажа 0+143.98 се поврзува со ВЛ17 во ВШ46.
- На стационажа 0+037.32 се прилучува на постоечка водоводна линија на улицата Илинденска во ВШ44
3. Водоводна линија бр 17 по улицата Бел Камен во должина од 340.03м
- На стационажа 0+000.00се поврзува со ВЛ18 во ВШ45.
- На стационажа 0+558.98 се поврзува на постоечката водоводна линија на улицата Брака Миладинови.
4. Водоводна линија бр 18 по улицата Првомајска во должина од 286.53м
- На стационажа 0+000.00 се поврзува со ВЛ19 во ВШ48на постоечка водоводна линија на ул.Кеј 30ти Август
- На стационажа 0+078.10 се поврзува со ВЛ 17 во ВШ45.
- На стационажа 0+286.53 се поврзува со Вл19 и постоечка водоводна линија на улицата кеј 30ти Август
5. Водоводна линија 19
- На стационажа 0+000.00 се поврзува во ВШ48.
- На стационажа 0+145.78 се поврзува на постоечка водоводна линија на ул Кеј 30-ти Август,
Вкупната должина на водоводните линии кои се предвидени за реконструкција изнесува 3971,09 со профили од ОД 90 НП 10 бари и ОД 110 мм. НП 10 бари

Вертикално решение и вид на цевки
Во надолжните профили од проектната документација прикажани се котите на терен на секоја водоводна линија пооделно, котите на нивелетата на цевководите, дното на ровот и длабочината на ископот, како и соодветните хидраулички параметри нужни за изградба и монтажа на цевководите.
Во надоните профили прикажано е и местото и котите на приклучување на соодветните новопроектирани цевководи на постојната водоводна мрежа.
Водоводната мрежа предвидено е да се изведе од полиетиленски цевки PE 100 da 11 NP 10 бара.

Ров за полагање на цевководот
Ровот за полагање на цевките на доводниот цевковод, со проектната документација предвидено е за се изведува со широчина од 0,80 м, и просечна длабочина, евидентна од надолжните профил, при што ископот се предвидува да се врши машински.
По поставување на цевководот, предвидено е ровот да се засипа со ископаниот материјал, кој се нанесува во слоеви од 30 см. и набива до процент на природна збиеност, се до постигање на висина на ископаната почва.
Се додека не се изврши испитувањето на цевководот на пробен притисок, сите споеви и арматури да се остават отворени за соодветна инспекција и контрола на споевите од истекување.

Водоводни шахти
На колекторите предвидена е изградба на вкупно 35 армирано бетонски водоводни шахти во кои се сместени соодветни арматури со фасонски делови за поврзувањена водоводните линии на постојната водоводна мрежа, воздушни вентили и испусти. Предвидени се да се изведат од МБ 30 со надворежни зидови со соодветни димензии дадени за секоја шахта пооделно и прикажани во проектната документација. Дебелината на зидовите, горната и долната плоча предвидено е да се изведе со дебелина од 20 см.Влезот во шахтите предвидено е да се затвара со капак од сив лив со слободен отвор 800мм и оптеретување 40Мпа. Шахтите се армираат со арматура РА 400-500 Ф 6-16мм. Во спецификацијата од проектната документација прикажани се соодветните фасонски елементи и арматури за секоја шахта пооделно заедно со нацртите.
Местоположбата на водоводните шехти прикажана е во ситациите во соодветен размер за секој блок пооделно и во надолжните профили на цевководите.

Противпожарни хидранти
Со проектната документација предвидено е вградување на 8 подземни хидранти 80/775-1000 на цевководи ОД 90 и 12 подземни хидранти 80/775-1000 на цевководи ОД 100 со соодветни фасонски делови и арматури.

Приклучување на индивидуални и колективни објекти на мрежата.
Со проектната документација се предвидува изградба на приклучоци за водоснабдување на колективни згради во населеното место од уличната водоводна линија до објектот со ПЕ цевки ОД 63 НП 10 и со ПЕ цевки ОД 32 мм НП 10 за приклучување на индивидуални објекти.

Тестирање на мрежата
По изградбата на водоводниата мрежа се предвидува истата да се испита на водонепропусност со пробен притисок од 13 бари, да се хиперхлорира и промие пред пуштањето во употреба.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk