Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Артикли

Проект за енергетска ефикасност во ЈОУДГ “Гоце Делчев“

Во градинката “Гоце Делчев“ во Виница во тек е реализацијата на активностите од проектот за енергетска ефикасност кој треба да овозможи поголеми заштеди на нафта и струја за градинката и подобри услови за престој на најмалите.

Привршува замената на дрвените прозорци и врати со ПВЦ и алуминиум, како и замена на осветлувањето со енергетски ефикасни сијалици, кои според директорот Илија Јованов ќе овозможат подобро затоплување, поголема заштеда на струја, но и заштеда на нафта за греење цели 10-15%. Носител на проектот е ЗЖ “Агро Винка“ во партнерство со општина Виница и ОЈУДГ “Гоце Делчев“. Вкупната сума на проектот со кој се предвидени и работилници и трибини за подигање на јавната свест за предностите од воведување на енергетско - ефикасни мерки e 49.503 долари, средства од кои половината ги обезбедува ГЕФ (Глобалниот еколошки фонд , Програма за мали грантови), а останатите се сопствено учество на општина Виница, ОЈУДГ “Гоце Делчев“ и ЗЖЗ “Агро Винка“.

Работен план (симни)

Здружение на жени земјоделки
„Агро - Винка“
Виница 2310 ул. „Ванчо Прке“ бб
тел/факс 033/361-546

Лице за контакт:
Застапник: Олга Стоименова
моб/тел 070/840-051, 071/263-628, 078/390-153
email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.darija.com.mk

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk