Мени



Веб страни

Соработници

Известувања

Мобилност

Читај online

Артикли

Петта година по ред виничките пчелари со организирано одбележување на Благовец

Ако на некого му поклоните тегла мед, ќе го нахраните за еден ден, но ако го научите да пчелари ќе го нахраните за цел живот...

Виничани ја научија етиката на квалитетно живеење, и од година во година можеби не рапидно, но бројката на кошници по нашите ливади бележи благо зголемување. Благодарение на Пчеларскто Здружение “Матица“, а најмногу на претседателот Марјан Дончев, здружението денес брои 74 члена, а на теренот има 109 пчелари кои со помалку или повеќе кошници се зафатија со оваа благословена дејност. Доказ за развојот на пчеларството е и петгодишното церемонијално одбележување на празникот Благовец, со сите црковни почести годинава божјиот благослов за пчелите беше испратен од пчеларникот на Младен и Зага Стојменови, а новото кумство го презеде пчеларот Гоце Мирев.
Виница со годишно производство на 39 тони планински мед од 3700 кошници се вбројува во редот на најмедоносни подрачја од кои излегува квалитетен претежно црн мед, но изостанува соодветниот пласман, вели претседателот Дончев, а зимава пчеларите се соочија и со загуби на 720 пчели.
Гостите од збратимената општина Апатин пренесоа дел од своите искуства во пчеларењето , а на отворен терен се оддржа и предавање за пролетниот третман на пчеларството.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t-home.mk