изградба на мини акумулација на Виничка река, асфалтирање на патните правци Св. Спас- Пеклани, Грлани- Маринци, Драгобраште- Мирмарци...

ВИНЕАМ:
Речиси една година од доаѓањето во градоначалничката фотелја, како сте задоволни од сработеното и моменталната состојба во општината?
ЕМИЛ ДОНЧЕВ
: Со оглед на можностите, овде мислам на затекнатата финансиска состојба на општината и глобалното опкружување, светската економска криза, слободно можам да кажам дека сум задоволен од сработеното во изминатата година. Впрочем, она што го имам ветено во мојата програма веќе голем дел е во фаза на реализација, а доста проекти веќе се финиширани. Можеби ќе имавме уште поголема реализација, меѓутоа јас затекнав недовршени или започнати работи во предизборието што морав да ги завршам и за кои морав да обезбедам средства со што дополнително го оптоварив општинскиот буџет. Значи од една страна мораше да менаџирам со долговите на општината, да не дозволам да дојде до нови извршни решенија, да не правам нови долгови, да враќам дел од старите долгови како извршни решенија, а од друга страна да го реализирам она што го имам ветено пред граѓаните на општина Виница. ВИНЕАМ: Советниците на една од последните седници го изгласаа Буџетот за 2010г. кој е проектиран на 116.764.000, зголемен во однос на ланската година. На што се должи зголемувањето?
ЕМИЛ ДОНЧЕВ:
Ние заедно со секторот за урбанизам и градежништво, минатата, а и оваа година напорно работиме на изработка на деталните урбанистички планови, за што одвојуваме големи средства, што по основ на стари долгови за оваа намена, што по нови договори за проектантски куќи. Но затоа пак од овде ги очекуваме и најголемите приливи во Буџетот , а од друга страна што за мене е и поважно, ќе ги задоволиме потребите на граѓаните конечно да ги легализираат своите градби и да овозможиме на бизнис секторот да може да се шири и инвестира во зголемување на капацитетите.
ВИНЕАМ:
Која варијанта се разгледува за деблокирање на општина Виница, знаеме дека каматите растат, долгот порасна на 40 милиони денари, каква е вашата стратегија во чистење на долговите и конечно едно нормално функционирање на општината?
ЕМИЛ ДОНЧЕВ:
Најпрво да кажам дека долгот на општината без пресметани камати не пораснал, напротив се намалил, што ќе се види во кварталниот извештај оваа година, а оваа цифра што ја спомнавте е тоа што со завршување на фискалната година се прокнижуваат сите доспеани обврски, а исплатата ја извршивме по 15 јануари со отварањето на трезорот. По овој период имаме исплата на околу 4 милиони денари по основ на обврски спрема добавувачите. Во врска со деблокирањето на општинската сметка, Владата донесе Закон за репрограмирање на долговите на општините, односно давање на долгорочни позајмици на општините со цел деблокирање. Ние ја исполнивме нашата обврска и доставивме барање до министерството за финансии во кое ги доставивме и вонсудските спогодби со доверителите со кои, со дел од нив успеавме да договориме отпис на каматите, а со други репрограмирање и сега очекуваме позитивен одговор од Министерството за финансии. Доколку постигнеме договор, бенефитот за општината ќе биде што ќе влеземе во втората фаза од децентрализацијата, при што ќе ни се отворат нови можности, нема да се трупаат долгови по основ на затезни камати по извршните решенија, нема да имаме лимит за користење на парични средства, но од друга страна ќе ни се намалат можностите за инвестиции, бидејќи ќе мора да ја враќаме позајмицата.
ВИНЕАМ:Дел од зацртаните приоритети во изборната програма веќе реализиравте, со посебен акцент на културните настани, вративте дел од фестивалите кои одамна беа замрени, и овој ваш чекор се покажа како доста успешен, со оглед на масовноста кај луѓето и желбата да бидат дел од тие настани. Кој ќе биде вашиот следен чекор во таа насока?

следна страна